Sunday, May 11, 2008

- Вевчани беше прогласена за држава од самите Вевчанци ... пред да станат општина ...
- Вевчани е печалбарско место ... со могу мајстори за специфични градби ... молерај ... фасадерија ... воопшто мастори за градежниство и способни предприемачи ...
- Вевчанскиот карневал е уникатна манифестација – која стана препознатлив бренд и институција ...
- Вевчани имаат свои пари ...
- Имаат прекрасни извори на вода – околу кои има многу митологија ...
- Прекрасна стара селска но и градска архитектура ...
- Црква во која и Масоните оставале свои белези ...
- Верувам дека почесен граѓанин на Вевчани и нивен култорен аташе е секако Игор Џамбазов ... промоторот на Вевчани .Македонските села најубаво знаат да се замотуваат по планинските сртови, да им се тутнуваат на планините в пазуви. Ама едно најубаво го прави тоа од сите - Вевчани. Не напати опишано, ами илјада пати прераскажано, а пак недокажано.
- Послано како со рака, Вевчани е распослано од подножјето, па се до сртот на планината Јабланица. Уште од самиот почеток на селото, куќите, наредени како осилки на клас жито, брзо се редат се угоре и угоре за да се постелат по Вевчанската Река, до нејзините Вевчански Извори и уште погоре, до глечерските езера со кои Господ ги дарувал вевчанци. И дали оттука, од езерата и од изворите, почнува селото или од долу, станува сосема неважно кога ќе почнат да се редат убавините една по една.
„Вевчанскиот карневал“
- карневалот е во основа пагански обичај. При тоа, тешко дека на било кој начин би можела да му се додаде каква и да е црковно-сакрална димензија (независно од тоа што карневалскиот инвентар се чувал преку годината во селската црква).
Последното се објаснува со историското постоење на две спротивставени тенденции: од една страна - христијанизирање на паганството, а од друга - паганизирање на христијанството. Во дадениот пример очебијно станува збор за второто. Би се осмелил да кажам - секоја култура во историјата на човештвото се формира преку напнатоста на овие две крајности. Во секоја култура постојат и двата фактори - во поголема или во помала мерка…
Се разбира, од денешна гледна точка, ваквите изблици на нашите заборавени овнодерски предхристијански традиции можат да ни изгледаат привлечно, егзотично, возбудливо, или барем симпатично. Но ако се завртиме кон нивните корени, кон првобитните ритуали кои далеку ја надминувале потребата од „добро журкање“, ќе видиме дека тоа биле окултни дејствија, чија главна цел било задоволувањето на паганските божества - најчесто пропратени со брутални жртвопринесувања, оргии и други форми на екстатично учество во култовите. Фанатизмот на овие култови не може по никоја основа да се споредува со христијанското благочестие.
Posted by Jovana at 7:41 AM 0 comments
Saturday, May 10, 2008
Крушево планинско гратче кое веднаш ке ве магепса!!!

Зошто се одлучив мојот прв post да биде за Крушево , а не за местото во кое пораснав.
Постојат само два одговора:
- неодамна го посетив и веднаш ме магепса со својата убавина
- и се разбира бидејки вечно ке ме потсека на човекот кој ми ги покажа вистинските вредности на животот , нашиот не прежален ангел ТОШЕ!!!
Posted by Jovana at 8:04 AM 0 comments
Taму каде што вечно сонце сјае таму е МАКЕДОНИЈА!!!

Република Македонија или само Македонија е независна држава на Балканскиот полуостров во срцето на југоисточна Европа. Земјата се граничи со Србија на север, Албанија на запад, Грција на југ и Бугарија на исток. Во 2005, Република Македонија стана официјален кандидат за членство во Европската Унија. Главниот град на државата е Скопје со над 500,000 жители. Постојат и други значајни градови како Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Охрид, Велес, Штип и Струмица. Република Македонија често се нарекува земја на езера и планини. Во земјата постојат повеќе од 50 природни и вештачки езера и шеснаесет планински венци повисоки од 2000 метри надморска височина.
Posted by Jovana at 7:26 AM 1 comments